Богоевски: Неодговорно би било да се поднесе оставката на Заев до парламентот, без да се контактираат коалициските партнери

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

Поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски смета дека никој во таборот на власта не сака да ја втурне државата во политичка криза после локалните избори.

-Неодговорно би било во овие околности да се поднесе формална оставка во парламентот, без да се дискутира со коалициските партнери за наследниот на Заев. Оставката е кажана и сите сигнали се дека нема враќање назад. На опозицијата не и одговара колку брзо ќе биде направена и како. Сметам дека не треба да се избрзува со транзицијата без да се осигураат дека легитимиетот на наследникот е стабилен, вели Богоевски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини