Богоевски: Расчистувањето на депонијата во Визбегово без понатамошно одржување нема вистински да го реши проблемот

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Знаете за оние проблеми во локалните заедници, чие решавање задолжително е во ветувањата на СИТЕ кандидати на СЕКОИ локални избори?? Во Визбегово, расчистувањето на дивата депонија на границата со Шуто Оризари која се состои од над 50.000 м3 повеќедецениски шут – секогаш било во првите три такви проблеми (најчесто +асфалт и канализација), пишува екс пратеникот Павле Богоевски.

Браво за Петре Шилегов, Велимир Смилевски, Курто Дудуш и останатите за овој потфат! И една напомена дека расчистувањето без понатамошно одржување нема вистински да го реши проблемот.

Затоа, со големо задоволство ја добив веста дека на оваа локација се планира парк, нешто што никогаш не очекував дека би видел на местото на грдите купишта ѓубре, додава тој.

Слични содржини