Богоевски: Реакцијата за Битола ни беше одмерена, стратешките цели се повисоки од личните чувства

од Nikola Popovski
229 прегледи

„Реакцијата која ја даде државата на бугарската провокација во саботата е одмерена и доволна. Обврската да продолжат преговорите и реализацијата на стратешките цели е повисока од сите лични чувства“ рече експратеникот Павле Богоевски во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека провокацијата од бугарскиот државен врв е посложен од тоа дали смееле или не смееле да дојдат.

„Човековите права, правото и исправното треба да ги прифаќаме дури и кога не ни се допаѓаат. Се додадека актите на здружението не се против законот и не повикуваат на рушење на уставниот поредок, не може да се забрани формирањето на здружение на граѓани“ рече Богоевски.

Тој додаде дека Македонија има загубено судски спор во Стразбур за забрана на здруежние „Ратко“, по прекарот на Ванчо Михајлов. Во објаснувањето на таа пресуда од Европскиот суд за човекови права се користеле со пресудата против Бугарија за забраната на основањето на ОМО Илинден.

Слични содржини