Богоевски: Се сомневам дека ВМРО има капацитет во моментов да мобилизира голем број луѓе заради внатрепартиската дисциплина, која пука по шевови

од Aleksandar Petrovski
177 прегледи

Павле Богоевски во Само Вистина рече дека ВМРО-ДПМНЕ сака да капитализира на тој револтот за поскапување на струјата односно да одбере тема која е актуелна во моментов која е болна за граѓаните и да си ја препише на своето партиско конто.

-Треба да направиме две разлики и тоа протестите против поскапување на струјата и протестите кои ги најавува ВМРО-ДПМНЕ. Протестите што постојат се изворни или граѓански и потекнуваат од вистинскиот револт на граѓаните. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да направи е да капитализира на тој револт односно да одбере тема која е актуелна во моментов која е болна за граѓаните и да си ја препише на своето партиско конто.

Мислам дека освен валкање на граѓанската иницијатива која постои тие нема да постигнат ништо, само ќе наштетат, нема да биде ниту толку масовен и успешен колку што би требало да биде. Нема ниту да испорачаат број на улица, ниту ќе ја остварат каузата за тоа што викаат дека протестираат против поскапувањето на струјата.

Бројката не е клучен фактор за било кое движење, развојот е поклучен.

Се сомневам дека ВМРО има капацитет во моментов да мобилизира толку луѓе заради внатрепартиската дисциплина, која пука по шевови, несогласувањата во партијата се многу гласни за да може да претседателот на партијата да има обединувачки повик за целото членство и мислам дека ако не се преземе нешто ВМРО-ДПМНЕ во догледно време ќе биде маргинална партија, а во иднина може да биде и партија која ќе замине во историјата, истакна Богоевски.