Богоевски: Смешни се нашиве бранители на руската кауза

од Nikola Popovski
256 прегледи

Поранешниот пратеник Павле Богоевски ја коментираше актуелната ситуација во Украина и руското признавање на Доњецк и Луганск, правејќи споредба со признавањето на Косово.

-Многу ми се провидни, дури и смешни нашиве бранители на руската кауза, споредувајќи ја ситуацијата во Украина со онаа на Косово.

Најголемата од многуте разлики е што на Косово имаше долгогодишно етничко чистење, а во Украина само криза која ја креираше самиот Путин, за да може сега да изврши инвазија глумејќи миротворец и заштитник. По ова, нема потреба воопшто да се говори за другите разлики.

А на нашиве патриоти со вергина на лицето и мечка во срцето, многу брзо ќе им биде испорачана сметката од Мајка Русија, напиша Богоевски.

Слични содржини