Богоевски: Темата С. Македонија е причина за распадот на владата на Петков

од Nikola Popovski
266 прегледи

Пишувањата на бугарски „Медиапул“ треба да ги земеме со резерва. Тоа е маргинален сајт, кој во минатото провоцирал одредени делови од македонската јавност. Дел од опозицијата падна на тие провокации и веќе имаме прогласување нокаут за дипломатијата на Македонија, па правење споредби со Украина. Според мене, тоа е влегување во проруска стапица. Треба внимателно да ги анализираме информациите што се на располагање. Засега никој конкретно не го видел тој француски предлог, вели поранешниот пратеник Павле Богоевски.

Тој посочува дека после објавувањето на предлогот, ќе имаме турбулентен период на бугарската политичка сцена.

-За жал, немаме време до крајот на јуни за сите чекори. Сепак, значајно е да се отстранат првичните пречки и да го имаме францускиот предлог и јасен дефиниран став на Бугарија. Што се однесува до Бугарија, таму ситуацијата е неизвесна. Не мислам дека прашањето за опстојувањето на владата на Петков е толку тесно врзано со прашањето за ветото. Македонското прашање е најголемото прашање за распадот на владата на Петков, смета Богоевски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини