Богоевски: Украинскиот конфликт е судир помеѓу демократијата и авторитарниот режим, чиј водич е Путин

од Берта Китинска
259 прегледи

Она што треба да го знаеме дека судирот помеѓу Русија и Украина нема да се одвива само на воениот фронт, туку практично ќе се води на три фронта, вели во „Топ Тема“, Павле Богоевски поранешен пратеник и ескперт за безбедност.

-Првиот е воениот, вториот е економскиот, третиот е информацискиот фронт, појаснува тој.

Според него работата нема да се реши во наредните години.

-Овој инцидент е дел од поголемата кампања и е судир помеѓу демократија во западна смисла на зборот и авторитарниот режими, чиј водич е Путин. Но, се надевам дека Западот повторно ќе се обедини околу своите вредности, вели Богоевски.

Слични содржини