Сигурен сум дека Бугарија нема да успее да не блокира со нова блокада и секој нареден чекор кон нашиот евроинтеграциски пат, им ги намалува шансите на Бугарија за реализирање на нивните барања. Ние мораме да бидеме реални дека е намалена довербата од македонските граѓани во ЕУ-институциите. Не сме виновни ние за тоа. Предизвиците кои ни се внатре даваат голема причина за скепса во ваквите изјави. Тоа што не можеме да го негираме беше дека денеска беше голем ден, историски и се затворија голем број значајни прашања, кои предизвикуваа резерви кај македонската јавност, рече поранешниот пратеник од редовите на СДСМ и граѓански активист Павле Богоевски.
Според него, со Декларацијата од официјална Софија „Бугарија си кажува дека на никаков начин комуникацијата на Македонија со ЕУ, не може да биде толкувана како нивно признавање на македонскиот јазик“.
-Нас не интересира што е во процесот. Во процесот сме Македонци со македонски јазик и кирилично писмо, денес така ни се обратија, со зборот Македонци. Официјално кажуваат дека процесот на преговори е почнат. Тоа е фактична изјава, рече Богоевски во емисијата „Само вистина“.