461
Поранешниот пратеник Павле Богоевски вели дека е нападнат онлајн од партиските ботови на партијата Левица по неговите критики кои ги упати до лидерот Димитар Апасиев.
„Овој отров е најголемата закана за политичкиот дискурс и демократијата во РСМ во овие 5 години, а можеби и подолго“, сподели Богоевски на Твитер.
Голема благодарност до троловите и ботовите на @levica_partija, за смешните обиди да го замолчат секој кој го критикува новиот фирер.
Овој отров е најголемата закана за полит дискурс и демократијата во РСМ во овие 5год, а можеби и подолго.
Навистина друштво, борбата продолжува!
— Pavle Bogoevski (@PavleBogoevski) December 27, 2020