„Потсетете ме, за што требаше да бидат обвинети овие монструми?“, прашува поранешниот пратеник од СДСМ и граѓански активист, Павле Богоевски, откако на Јутјуб беше објавена нова снимка на која наводно се слуша разговараат помеѓу осудените лица Јане Ченто и Горан Ангелов – Ќосето во кој се најавува ликвидација на премиерот Зоран Заев и неговата фамилија.
„Апелација им ги намали казните и на двајцата. Заканата за довршување на започнатото дело е околност која треба да биде земена во предвид во целата понатамошна постапка“, стои во објавата на Богоевски.
Во делот од разговорот помеѓу двајцата осуденици за крвавите инциденти на „27 април“ се слуша: „Заев ќе биде изрешетан ко куче“, „ќе му вратам последно да е“, „јас сум спремен да лежам доживотно“ „ако треба ќе умрам“.