Богоевски за газдата на „Беса транс“: Преку религијата сака да се ослободи од одговорноста за несреќата

од Nikola Popovski
368 прегледи

Сопственикот на „Беса транс“ преку религијата се обиде да се ослободи од одговорност, прикажувајќи ја несреќата како тест на Алах, смета поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски во интервју за ТВ Телма.

Според него, мораме да направиме разлика меѓу религиска, кривична и државна одговорност.

-Користењето на религија во вакви моменти не е ништо друго, освен најдрско и најлицемерно изместување на вниманието од вистинското место каде што треба да се бара одговорноста. Тоа е газдата на фирмата. Тој се обидел да ги злоупотреби недостатоците на системот, за да печали пари на грбот на безбедноста на граѓаните, вели Богоевски.

Сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, се прости од загинатите во несреќата на автопатот Струма во Бугарија и им изрази сочувство на нивните семејства.

„Господ да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро закрепнување. Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за фамилија. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Бога и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира“, напиша вчера Хаџиу на Фејсбук.

Слични содржини