Богоевски за уставните измени: Очекувам неизвесност до крај, но верувам ќе се најде мнозинство

од Nikola Popovski
146 прегледи

Што направи ВМРО-ДПМНЕ за евроатлантските интеграции, прашува поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски.

Одговарајќи на прашање, Богоевски кажа дека се согласува со премиерот Димитар Ковачевски, во однос на изјавата дека Левица и Апасиев се најголема закана за европскиот пат, а Христијан Мицкоски е нивен заложник.

-Ајде ние сега да ги започнеме преговорите за членство, па после кога некогаш ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт нека издејствува промена на Договорот со Бугарија. Нашите преговори со Унијата ги држите во заложништво, мислејќи дека Европа ќе го промени ставот на Бугарија. Тоа нема да се случи, рече Богоевски синоќа во емисијата „Само вистина“.

Според него, треба да се најде двотретинско мнозинство за уставните измени.

-Очекувам да биде неизвесно до последен момент, но верувам дека ќе се најде мнозинство. Има доволно време да се изнесат аргументите. Ако не се изнајде мнозинство – да, ќе биде фатално, бидејќи на хартија тоа ни е единствениот услов, кажа Богоевски.

Слични содржини