Богоевски: Замрзнување на преговорите со Бугарија доколку се навлегува во нашите црвени линии

од Nikola Popovski
268 прегледи

Клучниот елемент кој што нас како држава кандидат треба да не интересира е кои бугарски услови Франција ќе побара да бидат вметнати во преговарачката рамка. Доколку јазикот, нацијата, идентитетот, да не бидат предмет на преговори и доколку ЕУ внатре во себе се договори дека ќе го постави овој преседан, сметам дека ќе биде прифатливо. Тој проблем е прболем на ЕУ, а не нас. Кои услови ќе бидат ставени е клучно, смета поранешниот пратеник Павле Богоевски.

Според него, со вметување на условите, автоматски списокот на барања на Бугарија кои може да ги наметне се затвора, што е клучна работа.

-Блокирањето нема да биде своеволно. Гарант треба да има. БГНЕС пренесува дека Макрон се нуди лично да биде гарант на имплементирање на договореното. Бугарите, што и да се случи, тоа ќе го презентираат како нивна победа. Дезиформациската битка допрва ќе почне после договореното. Ние не треба да бидеме компромисни на сметка на нацијата и јазикот, што значи треба да ги замрзнеме преговорите со Бугарија на среден рок, доколку се навлага во нашите црвени линии, вели Богоевски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини