Богојески: 90% од руските граѓани не ја оправдуваат војната во Украина

од Nikola Popovski
414 прегледи

Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески вели дека ако се седне на иста маса со рускиот претседател Владимир Путин, суштинско е што ќе му се каже.

-Проблемот на Путин не е САД или Европа или Македонците кои се за или против Русија, проблемот е тоа што 90% од руските граѓани не ја оправдуваат војната во Украина. Проблемот е што ги апси младите студенти кои протестираат, само поради што размислувале различно од него. Тој ја апси елитата и интелегенцијата во Русија. Тој со ова ја врати својата држава назад во времето на Втората светска војна, каде поради неговото поведени денес трпат рускиот бизнис и култура. Не треба да се цензурира ниту една култура, смета Богојески во емисијата „Само виситна“.

Тој додаде дека со војната во Украина, Путин си направи стапица за него.

-Со ова ќе заврши кариерата на Путин, оценува Богојески.

Слични содржини