Во 1900 година во Софија, кнежество Бугарија, живееле многу Македонци… во нивна чест, специјално на МАКЕДОНСКИ ГОВОР, се прикажувала трагедијата “Македонска крвава свадба” од Војдан Чернодрински! Мислам дека Тито и Сталин не биле во план во 1900 година?!? Тогаш кој го измисли македонскиот јазик?!?, прашува промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески.
„Ако пред повеќе од еден век, на Бугарите во Софија, не им сметал македонскиот јазик, тогаш зошто и кој направи денес во 21ви век да им пречи?!? Време е за отрезнување!!!“, додава тој.
