Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески смета дека поранешниот премиер Никола Груевски треба да се врати во земјава.
-Денес е тежок ден, Велики четврток, Тајната вечера на Исус Христос и не би сакал да кажувам некакви лоши зборови. За него кажав многу работи изминатите години. Единствено кое посакувам е Груевски да добие рамноправен третман и да одговора пред судовите, кои веќе донесоа неколку пресуди. Да ја докаже својата вина или невина, и да си одлежи доколку се утврди таа вина, која веќе судовите ја утврдуваат. Што се однесува до мене, непријатно е за било која земја во светот, макар да има и еден граѓанин да биде политички прогонет. Апелирам да се врати и да си одговара пред македонските судови. Не треба да бегаме и треба да си докажеме доколку сме невини, кажа Богојески во емисијата „Клик плус“.