188
„Досега сами се финансираме и партијата се бори за простор за реклами за да ги информира граѓаните за своите постапки и идеи, и истовремено настојува за рамнорпавно присуство на сите партии во медиумите. Сметаме дека сите партии треба да имаат еднаква можност за претставување пред граѓаните“, изјави за Студио 10 на ТВ 24 Петар Богојески од Македонски Концепт.
„Повеќе медиумски простор и одвоени средства за социјалните мрежи ќе овозможат рамноправност и демократска средина во Македонија. Сакаме да донесеме свежина и алтернатива во македонската политичка арена, со фокус на граѓаните и нивните потреби“, вели Богојески.