Богојески: Левица е Титаник, карпа околу вратот на ВМРО ДПМНЕ

од Берта Китинска
498 прегледи

Реизборот на лидери на двете доминантни партии поминаа во знак на двете клучни пораки: СДСМ ќе се обединува, а ВМРО ДПМНЕ ќе менува доктрина, вели за Утрински брифинг  Петар Богојески од Македонски концепт.

-Мислам дека СДСМ ја промашија темата. Нема што да се обединуваат оти СДСМ не ги изгуби изборите од своите членови, тие излегоа да гласаат. Напротив, антигруевистите беа незадоволни од Владата на Заев и не излегоа на гласање, вели Богојески.

Тој вели дека погледнал дел од новата доктрина на ВМРО ДПМНЕ и е евидентно отворањето на партијата кон Левица.

– ВМРО ДПМНЕ  сака да се отоври на лево. Мислам дека Левица е Титаник, камен, карпа околу вратот на ВМРО ДПМНЕ. Уривањето на владата на Заев не успеа токму поради коалцијата со Левица на Апасиев. Идната влада на ВМРО ДПМНЕ мора да биде без никакви левичарски елементи, а особено не квазилевичарски како Левица, вели Богојески.

Слични содржини