Богојески: Македонија и Бугарија имаа четири свадби со иста невеста и сватови

од Nikola Popovski

Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески смета дека со последните случувања меѓу Бугарија и Македонија се докажало дека ова е „четврта свадба со иста невеста, со исти сватови“.

-Првата свадба, меѓу Жељу Желев и Киро Глигоров, траела најмногу „10 години љубов“. Потоа следуваше Љупчовата љубов со премиерот Костов која траеше неколку години. Две години траеше љубовта меѓу Заев и Борисов, а сега љубовта меѓу Петков и Ковачевски ќе трае 6 месеци. Медениот месец ќе заврши некаде јуни, најдоцна во јули кога ќе се исцрпат сите разговори за т.е. неисториските теми, вели Богојески во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Според него, во наредните 6 месеци ќе се обиде да се заврти вниманието на јавноста од она што било досега фокус.

-Повторно како гром од ведро небо ќе дојде нерешеното прашање за наследството на бугаризмот и тука Ковачевски не е подготвен за дискутирање, изјави Богојески.

Слични содржини