„Ако ВМРО-ДПМНЕ сакаше, тоа ќе го направеше пред 2 или 3 години, кога беше договорено со Мицкоски да го направиме, кога го поткрепивме на Конгресот во Валандово. Ако не отидеа преку 87 делегати од реформаторите и ако не го поддржеа од Унијата на жени, Мицкоски немаше да има една третина од потребните делегати на Конгресот“, вели лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески за емисијата „Само вистина“, говорејќи за вчерашните внатрепартиски во СДСМ.
Тој напомена дека не може да го напаѓа овој тип на избор на лидери, затоа што за тоа се бори и се залага.
„Единственот нешто што остави дамка е дека во СДСМ има еден кандидат. Замислете не се охрабрил ниту еден од партијата да се спротивстави со барем делумно различна платформа од онаа на Заев“, потенцира Богојески.