Богојески: Не верувам дека Османи воопшто разбира за што зборуваме ние со Бугарите

од Берта Китинска
418 прегледи

Бугарското вето е директна последица на Преспанскиот договор, кој е клинички мртов, кој може да биде имплементиран само ако се одвиваат преговори со ЕУ. Димитров има право да биде патриот, но мораше вчера да објасни зошто бараше предвремено имплементирање на договорот во Македонија. Треба да го оттргнеме тоа Северна од Македонија секаде каде што е предвремено иммплементирано, вели Петар Богојески, Македонски концепт во Студио 10 на ТВ24.

-Вчера имаше само еден проблем во прес-конференцијата на Димитров, а тоа е без малку транспарентно кажано Албанец не може да преговара и не може да ги заштити македонските интереси.Јас не се согласувам со Димитров, но не го коментирам и Бујар кој е залутан во МНР тој си е хирург подобро ќе беше да биде министер за здравство место Филипче. Не верувам дека Бујар воопшто разбира за што зборуваме ние со Бугарите,не се соменвам дека Димиторв има оправдани сомневања, но сепак кога би имале еден министер за надворешни работи Албанец, но силно писмен за историските работи јас нема да имам проблем и Албанец да преговара, вели Богојески.

Слични содржини