„Нели им е срам на психопатните мициња што злоупотребуваат малолетно девојче, нечие дете, за политичка пропаганда?!?“, вака лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески ги коментира сликите од девојче кое држи транспарент во знак на поддршка на вчерашните протести што се оддржаа пред Собранието.
Богојески прашува „дали има институции во оваа монти пајтон држава да ги заштити правата на ова дете“.
„Има ли надлежна гнида во администрација, што зема плата да спречи злоупотреба на дете во политичка пропаганда, од страна на воздрасни бандити од политички партии?!? Еден ден сечие и наше дете може да биде вака злоупотребено!!! Срамота е да молчиме и да го оставиме ова дете на милост и немилост на политички деликвенти, само затоа што не е наша ќерка и само затоа што нејзиниот татко е во затвор и е немоќен да ја заштити!!!“, посочува Богојески.
Тој бара итно од Владата и Јавното обвинителство да преземат мерки за заштита на ова дете, да отворат истрага за злоупотреба на дете во политички цели и да се „поднесе кривични пријави за секое едно ѓубре кое тоа го направило“.
„Ова дете на никого ништо не е должно и ништо не погрешило!!!Стоп за бандити во политика“, заклучува Богојески.