Богојески: Петков и Радев вчера излегоа на погреб, поради страв од македонизмот

од Nikola Popovski
961 прегледи

Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески смета дека синоќешната прес-конференција на бугарскиот државен врв после одржаниот Совет за национална безбедност личела на погреб.

-Присуствувавме на погреб, а не на прес-конференција, поради страв од македонизмот. Тие самите знаат зошто таа прес-конференција личеше на такво нешто. Од друга страна имам чувство дека на Бугарите им е многу досадно во ЕУ и немаат што да прават со себеси, освен да се занимаваат и да ја малтретираат Македонија. Ако тоа што вчера беше презентирано од Радев претставува компромис меѓу новата позиција на новата Влада на Петков и старите позиции на бугарскиот претседател, тогаш можам да замислам кои се крајните позиции, кои би биле евентуално да се самоукинеме и да прогласиме дека не ослободила бугарската армија како во 1941 година, смета Богојески во изјава за емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, однесувањето на официјална Софија е крајно антиевропско поведение.

-Ова е целосно извршување на задачите од Москва, целосно стопирање на проширувањето на ЕУ на Балканот и минирање на стабилноста на јужното крило на НАТО, оценува Богојески.

Слични содржини