Богојески: Причина за неисполнување на широка владина коалиција е Мицкоски, кој е лузер на политичката сцена во земјата

од Aleksandar Petrovski
334 прегледи

Во гостувањето на Сител, Петар Богојески од Македонски концепт истакна дека земјата се наоѓа во шах-мат позиција со слаба влада и слаба опозиција.

-Се потврди она што го говоревме во изборната кампања дека проблем е во изборниот модел и дека партиите брзо ќе заборават на ветувањата и дека ќе побрзаат да го поделат пленот постизборен. Слушаме за поделба на личен плен, пазарења, лични кариери, денеска судири во ДУИ кои се одразуваат на политичкиот систем во земјата што значи имаме еден систем кој создава перманентна криза и кој не дава македонија да генерира стабилност како политичка така и економска особено сега пред есенскиот период кога очекуваме голема економска криза. Оваа влада беше очекувана со овие резултати иако подобро решение беше широка владина коалиција со над 80, 90 мандати која ќе се занимава со клучното прашање измена на изборниот законик, спроведување на попис на населението и ослободување а земјата од етнички политички партии. Кога имаме проблеми со економијата ние се занимаваме со етнички прашања.

Причина за неисполнување на широка владина коалиција е Христијан Мицкоски, кој е лузер на политичката сцена во земјата и кој со своето поведение не остави простор да се стават државните интереси пред партиските.

Оваа влада ќе биде иста како и претходната и ќе биде исто толку нестабилна колку што беше претходната, а во исто време немаме доволно силна и кредибилна опозиција која може да биде алтернатива на ваквата влада. Сега сме во шах мат позиција, слаба влада и слаба опозиција што значи продолжена политичка криза во земјата, рече Богојески.