Богојески: Прво попис, па после да се внесуваат Бугарите во Уставот

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Треба да завршиме со пописот и да видиме колку граѓани се изразуваат како Бугари, па потоа да се размислува за промена на Уставот, изјави Петар Богојески, првиот човек на Македонски концепт во „Жешко Политичко Лето“ на „Канал 5 ТВ“.

– Еве ни шанса конечно да се попишеме различно – Македонци и Бугари, и еве ни шанса во иднина, во македонскиот Устав да стоиме различно, истакна Богојески.

Во однос на Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и дали може да ни помогнат во преговорите со Бугарија, поранешниот генерален-секретар на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека „таа е обичен гол популизам на македонските политички партии“ и дека таа е одговор на „каменот со камен“ на Бугарите.

– Таа Резолуција ниту ќе реши нешто, ниту ќе го заштити нашиот национален идентитет, утепомалку нашиот јазик. Таа Резолуција само дополнително ги влоши нашите позиции да го затвориме прашањето со Бугарија и да продолжиме понатаму кон ЕУ, смета Богојески.

Слични содржини