Богојески: Само искрен однос на ЕУ кон Македонија ќе ја врати довербата кај македонските граѓани

од Nikola Popovski
224 прегледи

Претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески преку прес-конференција ѝ се заблагодари на Европската комисија на искрениот извештај, со кој, како што вели состојбата во земјата конечно доби и европско знаменце.

Според него, само со исто таков искрен однос очекуваме да бидеме известени околу намерите на Унијата за нејзиното проширување.

-Во таа смисла, очекуваме јасна патна карта до Брисел од ЕУ, дали ќе патуваме сами, како што ние сакаме, или во пакет со Косово? Од одговорот на тоа прашање, ќе зависат внатрешните реформи во земјава, вклучително и уставни реформи, порача меѓу другото Богојески.

 

Слични содржини