Богојески се извини за „однесувањето“ на Најчевска и ѝ „посака добро здравје“

од Nikola Popovski
489 прегледи

Претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески се огласи со реакција по вчерашната тензична дебата во емисијата „Само вистина“ со професорката и активистка Мирјана Најчевска. Тој упати порака кон својата соговорничка.

-Почитувани граѓани, дозволете да се извинам за поведението на госпоѓа Најчевска во текот на денешната дебата на Само Вистина на Канал 5 Телевизија. Се надевам дека е се во ред со неа, посакувам добро здравје и да најде спокој во иднина, објави Богојески.

Најчевска во вчерашната емисија го напушти студиото, испровоцирана од, како што рече, однесувањето на Богојески. Ги упати зборовите „глуп си ко точак“. На тоа Богојески возврати дека „тие навреди може да ги чувате за вас бидејќи толеранцијата можете да ја пречекорите, а тоа не ви го дозволувам“.

-Вие се изгубивте и вечерва не знаете што говорите. Искрено ми е жал за вас, истакна претседателот на Македонски концепт, на што Најчевска го извади микрофонот и ѝ рече на водителката на емисијата: „јас со глупи како точак…извинете, изберете друг пат соодветен соговорник за мене“, по што го напушти студиото.

-Ова е глуп човек, додаде професорката.

Двајцата соговорници зборуваа на повеќе теми, меѓу кои и за новата администрација на САД предводена од Доналд Трамп, како и условите за Македонија за влез во ЕУ.

Слични содржини