Новиот авион “Боинг 737 Макс ” може да остане приземјен до почетокот на 2020 година, пренесе “ Волстрит џурнал” кој го цитираше Блумберг.
Во јуни, беше објавено дека производителот на авиони ги увери своите клиенти дека го решил проблемот со софтверот и дека авионот ќе се врати на небото кон крајот на 2019 година.
Ситуацијата е “променлива” и не постои точен распоред , пишува весникот.
Регулаторите за воздухопловство го слетаа новиот модел на авиони по две несреќи , при што загинаа 346 лица.
Потсетуваме дека етиопскиот авион 737 Макс се урна кратко време по полетувањето на 10-ти март . Сите 157 лица загинаа. Ова беше втора несреќа со новиот 737 Макс за помалку од пет месеци, што ги принуди државите да ги приземјат сите од овој модел на авиони .