„Боинг 737“ се урна во Австралија (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
484 прегледи

„Боинг 737“ се урна во Западна Австралија. Медиумите наведуваат дека се работи за авион кој се занимавал со гаснење пожар.

Според извештајот на австралиската ТВ мрежа ABC, двајцата пилоти кои управувале со авионот успеале да се спасат и се здобиле со полесни повреди.

Авионот ѝ припаѓал на компанијата „Колсон авиејшн“ и бил ангажиран во гаснењето на два големи пожари кои гореле во националниот парк „Реката Фицџералд“, кој се наоѓа на околу 275 милји југозападно од Перт.

„Боингот“, како што се наведува, веќе извршил два лета, но проблемот настанал при третиот лет во гаснењето на пожарот. Наводно, дошло до проблем при подигнувањето на леталото, кое не успеало да се искачи на потребната висина.

Слични содржини