Бојчев: Без поддршка од граѓаните на С.Македонија не можеме да постигнеме резултат

од Vladimir Zorba
286 прегледи

За мене без поддршка на општеството на Северна Македонија и разбирање на граѓаните на земјата, не можеме да постигнеме резултат. Ова го кажа членот на Групата за пријателство со С.Македонија Жељо Бојчев, во интервју за бугарската агенција „Фокус“, а во врска со македонско-бугарските односи во изминатава година.

Тој смета дека „македонизмот е изграден врз бугарски антагонизам и одрекување на бугарскиот карактер на населението, кое ја населило таа територија“.

„Јасно е дека тоа е неговата основа. Десетици години се води оваа политика. Големото прашање е што правиме ние, за да се спротиставиме на тоа. Нема спор дека како држава имаме огромен интерес од заедничка иднина со С.Македонија во ЕУ. Ние треба да бидеме земјата која најмногу настојува за приемот на РСМ во ЕУ. Истовремено се наоѓаме во многу сложена преговарачка позиција. Мислам дека не сме во состојба да ја размениме иднината за минатото“, вели Бојчев.