Бојко Борисов: ЕУ не беше солидарна во пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја критикуваше ЕУ поради несоодветниот одговор на пандемијата на коронавирусот на панелот во рамките на Бледскиот форум и оцени дека нема доволно солидарност во ЕУ и дека Европската заедница не била подготвена за кризата, пренесува „Нова.рс“.

„Покажавме дека не сме подготвени во услови на воени ситуации и пандемии“, рече Борисов, додавајќи дека Бугарија покажала солидарност и испратила медицинска опрема во другите европски земји.

„Европа не научи ништо од оваа пандемија. Немаме никаков медицински протокол, немаме јасно дефинирано дали треба да носиме маски или не“, истакна Борисов.

Тој посочи дека за време на пандемијата, секоја земја се занимавала сама со себе и дека тие дури и „се натпреварувале“ која попрво ќе ги затвори границите.

Српскиот претседател Вучиќ, кој исто така беше учесник на панелот, потсети дека кога тој го кажал истото пред шест месеци, бил критикуван од сите.