Бојмацалиев: МВР предничи во примената на системот за интегритет, клучен против корупцијата

Бојмацалиев истакна дека МРВ за првпат воведе Тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР, согласно извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ

од Бети Божиноска
199 прегледи

Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК) го објави денеска извештајот за исполнетост на обврските за примена на системот за интегритет во којм како што истакнува дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, е утврдено дека МВР е прва од вкупно 71 владини институции во однос на исполнување на обврските за примена на системот за интегритет во 2023 година.

„Високото 3 место согласно годишниот извештај на ДКСК се должи на целосната трансформација изминативе години – од 2017 до денес – од институција со целосна срушена доверба до институција со најголема доверба меѓу граѓаните,“ вели тој.

Бојмацалиев истакна дека МРВ за првпат воведе Тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР – Согласно извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ – петти круг за „Спречување на крупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот“, и дека со законско решение го уреди прашањето на интегритетот за кандидатите за вработување како и за сите вработени во министерството.

Како нов услов за засновање на работен однос, како што се наведува, е кандидатот да има положено Тест за интегритет.

„За постојните вработени, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот преку спроведување тест за професионален интегритет,“ се вели во соопштението.

Во пост „Фејсбук“, дополнителниот заменик-министер Бојмацалиев посочи дека „од полицијата со висок интегритет се очекува да го усогласи начинот на однесување на полициските службеници со демократските вредности додека при преземањето на мерките од овластувањата да се раководи од владеење на правото и доследно да ги почитува човековите права.“

„Тоа значи отстранување на условите за постоење на корупција во полицијата и непрофесионалното постапување и воспоставување на посакуваните етички стандарди. Преку мотото ‘МВР за граѓаните’ изградивме институција на професионалци со кредибилитет и професионален интегритет. Интегритетот како професионална категорија е клучна во градењето на силни институции отпорни на корупција и со тоа градењето доверба кај граѓаните. Интегритетот е клучен во градењето на силни институции и во создавањето на довербата кај граѓаните”, истакна тој.

Слични содржини