Бојмацалиев: Последната пратка обрасци е доказ дека системот функционира

од Stefanija Kuzmanovska
370 прегледи

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за тв 21, одговарајќи на прашањето околу последната пратка на обрасци за патни исправи која што пристигна и дали имаше потреба од пречек на истите, појасни дека истото било направено од причина што изминатите денови „бевме соочени со повеќе лажни вести од типот на тоа дали ќе дојдат или нема да дојдат нови обрасци“, и дека тоа било направено за да се уверат граѓаните дека тоа што го зборува е навистина така.

„Не се занимавам со ситни политички поени на дневна основа или лајк на Фејсбук, тоа е една од главните причини. Да покажам на македонската јавност дека работиме одговорно и транспарентно. Она што го пишуваме на Фејсбук, што денеска го кажуваме тука. Тоа е нормална посета на министер, дополнителен заменик министер, кога оди на полициски објект, му се предава рапорт, прави обиколка на колегите“, истакна Бојмацалиев, додавајќи дека суштината е да докаже и да покаже дека ситемот функционира, а не за себепромоција и она што го зборува изминатите денови дека тоа е така, дека се работи за факти, соопшти МВР.

Слични содржини