Бојмацалиев: Со инвестирани 12.800.000 денари во објектот на ОВР Ресен докажуваме дека концептот задоволна полиција безбедни граѓани носи високи резултати

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски бевме во работна посета на Ресен каде што остваривме средба со раководството на ОВР Ресен, во рамки на серијата посети што ги реализираме во сите сектори ширум земјава како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес, сподели техничкиот заменик МВР, Митко Бојмацалиев.

„Со инвестирани 12.800.000 денари објектот на ОВР Ресен е дел од планот за квалитативно подобрување на условите за работа на полициските службеници, во континуитет докажуваме дека концептот задоволна полиција безбедни граѓани носи високи резултати.

Од страна на раководството бевме брифирани за постигнатите резултати на оваа организациска единица при што истата беше оценета како поволна и без поголеми нарушувања на ЈРМ.

Од вкупниот број на регистрираните кривични дела во 2023 година, со непознат сторител пријавени се 25 односно 20%. Од делата пријавени со непознат сторител расветлени се 11 кривични дела со што е постигната ефикасност во расветлување од 44% на годишно ниво.

Во текот на годината се работеше и по ОА ,,Гора,, така што извршени се вкупно 21 акциска и 46 контроли од редовно работење при што затекнати и одземени се вкупно околу 66,2 м3 огревно дрво за што се поднесени и 6 кривични пријави по член 235 ст.3 , одземените дрва со записник за предавање на предмети се предадени на надлежни институции“, сподели тој.

Слични содржини