Бојмацалиев: Тендерот е направен според податоците колку граѓани имаат патни исправи, без разлика каде се наоѓаат

од Stefanija Kuzmanovska

Ако ги земеме статистичките податоци кои ги говорам изминативе денови, ние 2021 и 2022 година, месеците декември и јануари имаме бројка од околу 50.000 луѓе кои поднеле барање за смена на одреден личен документ. И тие бројки беа ниски поради таа политичка битка која се водеше на социјалните медиуми и телевизиите, дека ќе го укинат Преспанскиот договор, името нема да се смени, и до моментите кога граѓаните увидоа, а и самите политичари признаа дека нема да го менуваат Преспанскиот договор, доаѓаме до ситуација каде што МВР прима во декември и јануари над 170.000 апликации. Тоа пак говори дека МВР е спремна да прими толкав број на апликации да ги услужи граѓаните и да им ги издаде патните исправи, рече дополнителниот заменик-министер на МВР во техничката влада, Митко Бојмацалиев во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Бојмацалиев истакна дека МВР кога го правела планот се извадиле податоци дека има 1.8 милиони граѓани кои поседуваат патна исправа. И направила рамковна спогодба дека ќе обезбеди 2 милиони обрасци. И досега заедно со последнава тура од 140.000 заедно со претходните 85.000, се пристигнати 1.7 милиони обрасци. Тој потенцираше дека МВР била спремна со сите сценарија и кога имало 20.000 и кога имало 2000 и кога имало 170.000 побарувања.

„Тендерот е направен според податоците колку граѓани во систем имаат патни исправи, без разлика каде се наоѓаат, дали тука или во дијаспората. Во самата тендер нарачка има рокови и тие рокови се испочитуваа. Со вчерашната нарачка и таа што ќе дојде наредната недела, обрасците стигаат на време. Институциите и државата навремено го почнаа процесот со промена на документите“, наведе Бојмацалиев.

Слични содржини