Бојмацалиев: Успеавме МВР да биде МВР за граѓаните

од Nikola Popovski
181 прегледи

Изминатите седум години на Министерството за внатрешни работи се случија многу фази и реформи во сите сфери на полициското работење. Беше вложено многу енергија, труд, знаење, посветеност, техничко-технолошка, кадровска, структурална и организациска надградба на капацитетите на МВР, истакна заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев на одбележувањето на Денот на македонската полиција.

Сево ова го направивме, додава Бојмацалиев, како во насока на континуирано следење на трендовите во полициското работење, така и во насока на максимална ефективност и ефикасност во функционирањето на сложениот безбедносен систем.

-Современото демократско општество постојано е подложно на динамични, континуирани промени и прилагодувања, во обид да биде во чекор со современите текови. Така и полициската професија секојдневно е соочена со безброј предизвици, кои се трансформираат, надградуваат, соочувајќи не со потребата од нови и креативни решенија, посочи заменик-министерот.

Според Бојмацалиев, Македонија е прогласена за најбезбедна земја на Западен Балкан од страна на Глобалниот индекс за мир, бидејќи се вложуваше во развојот на модерен европски полициски службеник- 17 милиони евра во подобри услови за работа со реконструкција на 82 полициски објекти низ државата, 14 милиони евра за нови униформи и опрема, покачена платата за 35% и исплатени сите бонус плати на вработените.

-Секој сегмент од полициското работење изминативе години беше унапреден, благодарение на вашиот труд, посветеност и професионализам. Без вас напредокот ќе беше само мислена именка. Ви благодарам од се’ срце, за сите убави моменти од 2017 година па се до денес. Со гордост можам да кажам дека успеавме МВР да биде МВР за граѓаните. Уверен сум дека создадовме одлични услови за македонската полиција да остане непоколеблив бедем во заштитата и спроведувањето на законите и гарант на личната и имотната сигурност на граѓаните, рече заменик-министерот во своето обраќање при одбележувањето на денот.

Слични содржини