Боки-13 ја обвини судијката дека носи одлуки во корист на Заев и беше изнесен од судницата

од Nikola Popovski
337 прегледи

Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски ѝ се обрати на судијката судијката Софче Гаврилова-Ефремова во случајот, по што беше изнесен од судницата.

-Вие сте слуга на Зоран Заев. Најголемата хиена. Ова е доказ и во негова интервенција носите пресуди. Господ ќе суди, господ ќе казни, рече Јовановски откако неколку пати беше повикан да биде потивок додека се изнесуваат пресудите.

Бојан Јовановски-Боки 13 доби девет години затвор за случајот, во кој се товареше за делата измама и перење пари.

Слични содржини