Боки 13: Ќе ги посведочам сите политички малверзации во оваа држава за да станам лидер на нова европска Македонија

од Берта Китинска
332 прегледи

На денешното судење на случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, повторно зборуваше за неговиот политички ангажман.

„По вчерашната моја изјава дека ќе се занимавам со политика, би сакал судот да ми овозможи да имам право на мои соопштенија до јавноста кои ќе ги пласирам преку вас и да не ме цензурирате зошто јас со овој предмет немам забрана за вршење било каква политичка дејност. Целта ми е сите политички малверзации во оваа држава да ги посведочам за да станам лидер на нова европска Македонија“, рече Јовановски.

На вчерашното судење Боки, порача дека по завршувањето на процесот планира да се занимава со политика бидејќи е политички затвореник.

„За вас можеби ќе биде банално, некои аналитичари можеби ќе сметаат дека сум полудел, од овој момент кажувам дека пред вас стои следниот лидер на оваа земја и планирам да се занимавам со политика, изјави  вчера Боки 13.

Слични содржини