Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 утрово подлежи на хируршка интервенција во болницата „Св.Наум Охридски Скопје“ (поранешна Градска болница) за целосно остранување на желудникот. Според неговиот правен тим, четворица лекари ќе ја изведат операцијата.
Се додава дека станува збор за сложена интервенција која е ризична и животно-загрозувачка.
Претходно адвокатите на Боки 13 информираа дека му била направена горнодигестивна ендоскопија, гастроскопија, при која инвестигација, во наодот од истата е констатирано крајно и алармантно влошување на здравствената состојба на нивниот клиент со предлог за оперативен третман тотална гастректомија со езофаго-јејуно анастомоза, односно целосно отстранување на витален орган желудник.
Според нив, ова е последица на тоа што Боки 13 во затворот „Идризово“ не бил третиран согласно лекарските упатства.