Горд сум што бев претседател на невладината организација, кажа Бојан Јовановски познат како Боки-13 во своите завршни зборови за случајот „Меѓународен сојуз“ денеска пред судскиот совет на Кривичнит суд.
-Тезата на овој случај како и на Рекет е целосна дискредитација, контаминација на мојот лик и дело и она што е добро да биде претставено како лошо. Фактите се заменија со шпекулации, а шпекулациуте резултираа со обвинение, кажа Јовановски.
Тој вели дека поранешниот премиер бил информиран за рабтоата и преоктот на организацијата.
-Поддршката од Владата, од Зоран Заев, јас лично ја имав од првиот ден од формирањето на „Меѓународен сојуз“ . Меѓутоа, обвинителството тоа го нарече поттик кој е голема форма, кога доаѓа од лице кое ја извршува најголемата функција во државата. Заев беше информиран за работата и за проектот за изградба на дом за стари лица, кажа Јовановски.
Тој напомена дека во судницата биле споменувани 719.000 евра, и други цифри но за нив нема докази.
-Најлесно беше да удрат по Бојан Јовановски. Народот ќе рече, не можеш по магарето, па удри по самарот. Па сега како самар ќе кажам повеќе за магарето – истакна Јовановски.
Судењето е во тек.