265
Бојан Јовановски, попознат како „Боки 13“ нема обврска да му плати отштета од 1,5 милиони евра на бизнисменот Орца Камчев, според пресудата на Основниот суд во Скопје.
Судот ја отфрли приватната тужба на Камчев против Јовановски, во која тој бара отштета од 1,5 милиони евра од осудениот, поради случајот „Рекет“.
Тужбата е отфрлена во целост, а според мислењето на судот, тужителот нема статус на жртва во оваа постапка.
Судот смета дека Камчев постапил несовесно кога ги дал парите и знаел дека се работи за кривично дело.
„Тоа е причината за отфрлање на тужбата во целина“, објасни адвокатот Сашо Дуковски.
Камчев има право на жалба до Апелациониот суд.