301
Денеска Бојан Јовановски попознат како Боки 13 повторно ќе биде донесен во Основното јавно обвинителство каде ќе дава свој исказ во врска со кривичните пријави кои тој ги поднесе против триесетина актуелни функционери на власта.
Јовановски почна со поднесување неколку кривични пријави на почетокот на јули, адвокатот Сашо Дуковски објасни дека пријавите што ги поднесува Боки се поради злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура, а дел од нив се и за кршење на човековите права и нехуман однос кон неговиот клиент.