Боки 13 во болница, одложено судењето за „Меѓународен сојуз“

од Берта Китинска
290 прегледи

Здравствената состојба на обвинетиот Бојан Јовановски-Боки13, кој моментално е на болничко лекување е причина за одложување на рочиштето за предметот „Меѓународен Сојуз” .

Судијката Софче Гаврилова-Ефремова посочи дека добиле известување од КПУ-Скопје за обвинетиот Јовановски дека е на болничко лекување.

На почеток на месец септември обвинетиот Јовановски, по силни болки во желудникот неопходно било да му се изврши хируршка интервенција. Според неговата одбрана ова ситуација е како последица од несоодветната исхрана во затворот.

Следното рочиште за овој предмет е закажено за 28 октомври.

 

Слични содржини