Боксерски спектакл на плоштад „Македонија“: Лозница е првиот финалист

од Nikola Popovski
310 прегледи

Првото полуфинале од Боксерската регионална лига во Скопје и припадна на Лозница.

Со тесна победа над загрепските „Витези“ – 12:10, српскиот боксерски клуб Лозница имаше можност да се бори за престижниот трофеј.

Лозница во финалето ќе се соочи со подобриот од претстојната пресметка меѓу Црвена Звезда и Железничар од Сараево, која започна во 20 часот.

Одлуката за победникот до крајот на неизвесниот меч на плоштадот „Македонија“ падна во последната борба, меѓу супертешкашите, во која Санел Хасановиќ од Лозница го совлада Јосип Ќориќ.

Лозница – Витези 12-10
-54 кг Суљиќ Саша – без противник 2-0
-57 кг Ерсард Гурељац – Никола Хорват 2-0
-60 кг един Алковиќ – Тадеј Чернога 0-2 (поделена одлука)
-63,5 кг Семиз Аличиќ – Филип Потуровиќ 2-0
-67 кг Ненад Јовановиќ – Нејц Петрич 0-2
-71 кг Џелијан Тоскиќ – Петар Ценитиќ 2-0 (поделена одлука)
-75 кг Данијел Филиповиќ – Крешмир Кнежевиќ 0-2 (поделена одлука)
-80 кг без противник – Лео Цветковиќ 0-2
-86 кг Стефан Ристановиќ – Марко Рамлјак 0-2 (2-3)
-92 кг Слободан Јовановиќ – Марко Братуловиќ 2-0)
+92 кг Санел Хасановиќ – Јосип Ќориќ 2-0 (3-2)

Слични содржини