Болдвин присуствуваше на комеморацијата на Хачинс, се сретна со нејзиниот сопруг и синот

од Vladimir Zorba

Актерот Алек Болдвин присуствуваше на приватна комеморација за Халина Хачинс, која ненамерно ја уби во четвртокот, откако пукаше од реквизит пиштол кој, се чини, дека по грешка бил наполнет со вистински куршуми.

Болдвин присуствуваше на комеморацијата заедно со сопругот и синот на жртвата Хачинс.

Ова последно збогување од младата директорка на фотографија се одржа во кругот на пријателите и семејството во Санта Фе, Ново Мексико, пишува „New York Post“.

По овој трагичен настан, Болдвин се огласи и на Твитер, наведувајќи дека е уништен од се што се случило и дека ги поддржува сопругот и синот на убиените Хачинс.

Избезумен, тој неколку пати за време на сослушувањето прашал зошто му дале пиштол со вистински куршуми и дека тоа никогаш не му се случило во текот на неговата кариера, според полициските извештаи.

Потсетуваме, сето ова се случи за време на снимањето на сцената за филмот „Рѓа“ во импровизирана црква во Санта Фе. На Болдвин пиштолот му го дал помошник-директор, наведувајќи дека е „ладен“, што значи дека е безбеден и дека во него нема куршуми.

Полицијата истакна и дека помошникот режисер всушност не знаел дека во пиштолот има вистински куршуми.

Ова стана јасно за жал откако Хачинс (42) беше застрелана во градите, а нејзиниот колега режисер Џоел Соуза (48), кој стоел зад неа, беше ранет.

Соуза бил прегледан во болница, санирана му е повредата на рамото и е пуштен на домашно лекување.

Снимањето на филмот беше прекинато на неодредено време, а сите што беа на сетот се шокирани од овој настан.

Против никого не е покренато обвинение, а во тек е отворена истрага за да се утврди како реквизитот пиштол бил наполнет со вистински куршуми.

Слични содржини