Боледува од леукемија: Италија загрижена за Берлускони, Мелони испрати поддршка

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Колегите на италијанскиот политичар Силвио Берлускони изразија надеж дека тој ќе се врати на работа откако беше примен на интензивна нега поради тешкотии со дишењето.

Здравствените извештаи наведуваат дека неговата состојба е „стабилна, но бара претпазливост“, а најновите извештаи откриваат дека тој боледува од леукемија, односно рак на крвта.

Поранешниот четири мандатен премиер на Италија и медиумски магнат сè уште ја предводи партијата „Forza Italia“, а на минатогодишните избори беше избран за пратеник во горниот дом на парламентот.

Но, неговото здравје е нарушено.

Тој беше опериран во 2016 година, а четири години подоцна доби пневмонија откако се зарази со коронавирусот.

Оттогаш, 86-годишникот неколку пати бил лекуван во болница.

„Се обидуваме да бидеме оптимисти“, изјави Антонио Тајани, министер за надворешни работи на Италија и еден од најистакнатите членови на партијата на Берлускони.

Берлускони во средата беше примен на одделот за интензивна нега на Одделот за кардиологија на болницата Сан Рафаеле во Милано, само шест дена откако беше отпуштен од четиридневните здравствени контроли.

Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објави дека му била дијагностицирана леукемија, што го потврди и „Ројтерс“.

„Тој е стабилен. Тој е карпа, ќе се извлече и овој пат“, изјави Паоло Берлускони, помладиот брат на Силвио, откако го посети во болница во Милано.

Неговото враќање во болница загрижи многумина во Италија, вклучително и политичари од различни партии, кои му посакаа брзо закрепнување.

Премиерката Џорџа Мелони изрази надеж за брзо закрепнување и ги сподели зборовите „Напред, Силвио“ на Твитер, алудирајќи на името на неговата партија.

Берлускони пристигна во болницата во придружба на неговата вереница Марта Фасцина, пратеничка од неговата партија, а во текот на денот го посетија и неговите деца.

Слични содржини