Боливиските власти истражуваат дали некои функционери на католичката црква во земјата треба да одговараат по објавувањето на дневникот на покоен језуитски свештеник кој содржел повеќекратни признанија за злоупотреба на деца.
Случајот предизвика поплаки од поранешни ученици кои се однесуваат на други злоупотреби во верските училишта во Боливија, вклучително и оние на Језуитите, како и на Доминиканците, Францисканците и други редови.
Откритието првпат беше објавено од шпанскиот весник „Ел Паис“ во април, за злоставувањето од страна на шпанскиот свештеник Алфонсо Педрахас, познат како отец Пика, кој со години живеел во Боливија каде раководел со училишта за маргинализираните заедници, пренесува „Ројтерс“.