Боливискaта претседателка позитивна на коронавирусот

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Привремената претседателка на Боливија, Џанин Анез, во четвртокот објави дека тестирањето покажало дека е позитивна за новиот коронавирус, но се чувствува добро.

„Позитивна сум на Ковид-19, се чувствувам добро и работам во изолација. Заедно одиме понатаму“, напиша Анез на Твитер.

„Ќе бидам во карантин четиринаесет дена и ќе бидам тестирана уште еднаш. Се чувствувам добро“, додаде 53-годишната лидерка на десницата, во видео-пораката објавена на истата социјална мрежа.

Ова е втор лидер на јужноамериканска земја позитивен за коронавирус, по бразилскиот претседател Жаир Болсонар, кој ја објави веста во вторникот. Во Венецуела е заразен претседателот на Националното конститутивно собрание и лидерот на Социјалистичката партија, Диосдадо Кабело.

Џанин Анез го замени левичарскиот претседател Ево Моралес, која се повлече во ноември 2019 година.

Боливија, земја со 11 милиони жители, има вкупно 42.984 заразени и 1.577 смртни случаи од Ковид 19.