БОЛКА ДО КОСКА И СО НЕВЕРУВАЊЕ – Вака се простија познатите од Душко Чифлиганец

Пријатели, соработници, пејачи, политичари... со огромна тага и неверување се простија од познатиот млад бизнисмен Душко Чифлиганец на социјалните мрежи.

од Весна Петровска
3,8K прегледи

Пријатели, соработници, пејачи, политичари… со огромна тага и неверување се простија од познатиот млад бизнисмен Душко Чифлиганец на социјалните мрежи.

Вчера во несреќа при мотоциклистичка трка во Брно, Чешка, животот го загуби познатиот македонски бизнисмен Душко Чифлиганец, заменик претседател на „Адора бизнис групација“ од Скопје и директор на Adora Living Solutions.

-Со неверување и тага ја примив веста за заминувањето на Душко Чифлиганец…

Голем човек, искрен пријател, хуманитарец и млад човек со големи соништа.

Спомените на неговата добрина и насмевка ќе живеат вечно, напиша екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

Според информациите до кои дојде „Локално“, Душко Чифлиганец при мото-трка паднал од моторот и со тешки телесни повреди веднаш бил пренесен во болница. Посебно тешки повреди задобил на главата. И покрај напорите на лекарите, тој починал.

Тој загина на свои 32 години и зад себе остави два сина и сопруга.

Душко Чифлиганец беше пасиониран учесник во брзинскиот мотоциклизам, адреналински спорт со кој се занимава од мали нозе а во последните две години се вклучи и во меѓународните натпреварувања.

Тој беше познат и како активен учесник во хуманите активности на групацијата, која своите дејности од оваа област ги спроведува и во Србија, преку заедничка хумана мисија со Фондацијата Новак Ѓоковиќ.