„Болката што ми ја нанесоа е многу длабока“: Меган Маркл победи во судски спор

од Stefanija Kuzmanovska
336 прегледи

Меган Маркл, британската војвотка од Сасекс, денес изјави дека болката што ѝ ја предизвикал „Мејл он сандеј“ и неговиот издавач биле многу длабоки, откако победи во спорот поради објавувањето на приватни писма.

„По две долги години водење парници, благодарна сум на судовите што донесоа одлука дека Асошиејтед њузпејперс и Мејл он сандеј се одговорни за нивните незаконски и дехуманизирачки практики“, изјавила Маркл, пренесе Ројтерс.

Таа посочи дека овие тактики и нивните сестрински публикации „Мејл онлајн“ и „Дејли меил“ не се нови, како и дека „тие се случуваат премногу долго без последици“.

„Штетата што ја нанесоа и која сè уште ја прават е длабока“, навела таа.

Судијата Варби пресуди во корист на војвотката и против „Мејл он сандеј“ за објавување приватни писма, рачно напишани, на нејзиниот татко Томас Маркл и ја објасни одлуката со фактот дека „содржината на писмото мора да остане приватна“.

„Заклучокот е дека откривањето на писмата не било потребно, ниту пак служело на нешто. Земено во целина, обелоденувањето било прекумерно и затоа е незаконско“, рече судијата.

Слични содржини